Ова е вистинската причина за cкандалoзнoто интервју на Меган и Хари?

Сопругата на Хари сакала да ја зголеми својата популарност во Америка, бидејќи и фрлила око на Овалната канцеларија.

Како што пишуваат американските медиуми, веќе се поврзува со старите демократи поради своите амбиции да стане првата американска претседателка.

Своите политички амбиции војвотката ги открила уште пред неколку години пред нејзините пријателки, а сега нејзиното бomбacтично интервју со Опра Винфри ќе ја зголеми поддршката во САД, откриваат извори за “The Mail on Sunday”.

Според наводите на еден постар британски политичар, кој долго време работел во служба на Тони Блер и кој е тесно поврзан со Вашингтон, Меган отворено се вмешува со високопозицинирани демократи, како би добила помош во собирање на тимови и средства, а потоа и започнување на кампања за Белата куќа.

“Блеристите, интернационалистичката и демократската партиска мрежа веќе разговараат за политичките амбиции на Меган и потенцијалната поддршка”, открива анонимен извор за британскиот весник.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.