Оваа недела во Крушево, литија со светите мошти на Св. Климент Охридски, а потоа и предавање од отец Предраг Поповиќ

Покана од црквата Св. Никола до верниците:

-Благочестиви христијани, на 11.08.2024 година, недела, во 17:00 часот во храмот „Свети Никола“ – Крушево, ќе се отслужи Вечерна богослужба во спомен на патронот на нашата Македонска Православна Црква – ОА, Свети Климент Охридски.

После Вечерната богослужба, со неговите мошти и моштите од другите светители, ќе се одржи свечена Литија по улиците на градот Крушево.

Затоа Ве покануваме благочестиви христијани, да се поклониме на моштите на нашиот патрон и заштитник на целиот наш Македонски народ, светиот Климент Охридски!

На Литијата ќе чиноначалствува Епископот делчевско – каменички г. Марко во сослужение на Митрополитот крушевски и демирхисарски г. Јован, а предавање ќе одржи отец Предраг Поповиќ на тема “Смирението и моќта”.

Литијата ќе започне од храмот „Свети Никола“ и ќе се одвива по главната улица на нашиот град и повторно враќање при храмот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.