Шефот на сојузната влада на Соединетите Арапски Емирати денес изјави дека е формирано ново министерство посветено на можностите, три години по основањето на државниот орган задолжен за “среќа”.
Шеикот Мухамед бин Рашид ал Мактум, кој е и владетел на Дубаи, рече дека новото министерство ќе биде неконвенционално и без министер, и додаде дека сите ќе бидат задолжени за неговата работа.
“Министертвото ќе се занимава со важни национални прашања со цел да се изгради нов систем на Владата во иднина”, рече шеикот Мухамед и додаде дека една од задачите на тоа министерство ќе биде намалување на времето на чекање за административни услуги.