Оваа девојка пие по две шишиња оцет неделно – но зошто?

19 годишната Ела Руби Џин од мала возраст пие по две шишиња оцет неделно.

devojka-pie-ocet-640x425

Тоа го прави откако знае за себе.

– Кога бев мала ако одевме во ретсоран крадев мали пакувања со оцет за да ги испијам. еднаш дадилката ме фати и рече дека ќе го изгорам стомакот, но не ми беше грижа, вкусот многу ми се допаѓаше и тогаш. Кисело е но најмногу ми се допаѓа кога ќе голтнам и ќе почувствувам како ми ги гори градите- вели младата мејк – ап стилистка.

Сега има нов „рецепт“ – оцетот го пие со чипс! Односно, чипсот го потопува во оцет пред да го изеде. Иако нутриционистите предупредуваат за опасностите особено по квалитетот на забите, а нејзиното семејство се грижи какво оштетување тоа може да и направи на стомакот, Ела нема намера да престане.

– Добивам чудни погледи и сите мислат дека со мене нешто не е во ред, но не ми е грижа. Го сакам вкусот на оцетот – вели младата Британка.

Покрај тоа што ги нагризува забите, оцетот, според нутриционистите, ако се внесува во големи количества, може да предизвика „горење“ – оштетување на устата и грлото.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.