Вибер денес стана широко распространет, а го користат милијарда луѓе ширум светот. Иако поседува низа интересни функции, секако најважно е што е целосно бесплатен и само ви е потребна интернет конекција за да го користите.
Меѓутоа треба да се биде внимателен.
Дали знаевте дека пораките и фотографиите кои ги испраќате преку оваа социјална мрежа може многу лесно да бидат прислушкувани, украдени? На интернет постојат бесплатни програми кои се направени за да ви пшричинат штета.
Затоа, голема грешка е пишувањето на личните податоци и информации на Вибер. Ниту обичните телефонски разговори не се лишени од овој проблем, но се позаштитени и посигурни.
Вибер треба да се користи за размена на основни информации додека сериозните разговори треба да се водат на друг начин.