Денес на пресконференција одржана од Комисијата за одбележување значајни настани, личности и празници, беше презентирана Одлуката за доделување на награди и признанија по повод „3-ти Ноември“ – Денот на ослободувањето на Прилеп.
Наградата за животно дело, по повод „3-ти Ноември“ – Денот на ослободувањето на Прилеп, се доделува на:
•	Академик д-р Валентин Мирчески- особен придонес во природно-математички и биотехнички науки
•	Примариус специјалист д-р Благоја Дамески- особен придонес во медицината и опшественото живеење
•	Диме Попоски- особен придонес во музиката, режијата и филмот
Награди -плакети по повод „3-ти Ноември“ -Денот на ослободувањето на Прилеп се доделуваат на:
•	The Hounds – петнаесетгодишен развој на субкултурата во Македонија
•	GENTHERM – опшествено одговорна компанија
•	Младинска екипа на ФК Победа – афирмација на спортот во Европа
•	Територијална противпожарна единица Прилеп – натчовечки напори за зашитита на населението и околината
•	Технобен Нова Прилеп – развивање  на современи треднови во индустријата
•	Слаткарница ,,Шар”- 60 години јубилеј
•	ПЗУ Медика Д-р Пецко Десоски Прилеп – хуманитарно работење во својата дејност
•	Група верни пријатели на манастирот Трескавец – помагање и одржување на духовната врска
•	Пчеларско здружение ,,Братство” – 70 години јубилеј
Награди -дипломи по повод „3-ти Ноември“ – Денот на ослободувањето на Прилеп, им се доделуваат на:
•	Петар Мирчески – бронзен медал на хемиска олимпијада
•	Наде Караџоска – истражувачка дејност во сите области на библиотекарството
•	Теодора Димеска – женски репрезентативец на Македонија во џудо
•	Татјана Иваноска – посветено работење со млади уметници
•	Хари Сековски – хуманитарец од дијаспората
•	Еплизабета Настеска – совесно работење во службата
            
























