Обвинителката што гони невладини, ја чекаат да реагира за индициите за огромен криминал во болницата

Во најновата колумна за дневно-политичките случувања во Прилеп, новинарот Зоран Момироски одново се осврна на затекнатите состојби во прилепската болница “Борка Талески”. Новинарот пишува за сериозни индиции за сторен криминал, кои органите на прогонот, а особено јавното обвинителство ќе мора да ги провери.

-Новото раководство на прилепската општа болница со проширена дејност, тврди дека од ,,домаќините,, институцијата ја наследило со неплатени обврски од 200.000.000 денари. Со најголем број на работно ангажирани здравствени работници со договор на дело. 120 се без да им биде решен статусот –вработени. Мене ми изгледа како релативно сигурно гласачко тело кое се држело во неизвесност односно ,,на узди,,!!!

Откако менаџментот направи барање да влезе полцијата и да ги растресе финансиските документи оти постојат сомневања за голем криминал сега е пред нов предизвик. Барање или пријава сеедно е поднесено и до Јавното обвинителство.

При ова сакам да ги прашам предходните ,,домаќини,, и ,,домаќинки,,:ДАЛИ Е ТОЧНО ДЕКА ПОКРАЈ ТИЕ ФАМОЗНИ 80 СЛУЖБЕНИ ТЕЛЕФОНИ ЛАПТОПИ И ЕЛЕКТРИЧНИ ТРОТИНЕТИ, ВО ПРОСЕК ВО ЕДЕН МЕСЕЦ СТЕ КОРИСТЕЛЕ СЛУЖБЕНИ ВОЗИЛА ЗА 40 СЛУЖБЕНИ ПАТУВАЊА?!? Без тековниот транспорт на болни до Скопје, бидејќи тоа е редовна и оправдана обврска.

ДАЛИ Е ТОЧНО ДЕКА ИМАТЕ ПОТРОШЕНО 8.000.000 ДЕНАРИ ГОТОВИНА ПО РАЗНИ ОСНОВИ ВКЛУЧУВАЈЌИ ТУКА И КОСЕЊЕ НА ТРЕВА ВО КРУГОТ НА БОЛНИЦАТА.
И ДАЛИ Е ТОЧНО А ПОСТОЕЛЕ ДОКУМЕНТИ ДЕКА ,,СПЕЦИЈАЛНИ БОЛНИ,, СТЕ ХРАНЕЛЕ ОД ПОЗНАТА ПИЦЕРИЈА ВО ПРИЛЕП. БАШ МЕ ИНТЕРЕСЕРИА КОИ СЕ ТИЕ ,,СПЕЦИЈАЛНИ БОЛНИ,, И ВО КОЕ ОДДЕЛЕНИЕ БИЛЕ ХОСПИТАЛИЗИРАНИ. ДА НЕ СЕ СЛУЧАЈНО ОД ,,ПЕТТИ,,?!?!

ПА НИ ТИЕ НИ ОНИЕ ОД Бардовци и Демир Хисар тоа не би го направиле!!! ЗА ТОА ШТО Е КРАДЕНО КАКО МЕДИЦИНСКИ МАТЕРИЈАЛ И ПОСТЕЛНИНА НАБАВЕНА ЗА БОЛНИЦАТА А ДЕЛ ОД ТОА ,,ПОЗАЈМУВАН,, ЗА ПОТРЕБИ ВО ПРИВАТНИ СЕЛСКИ АМБУЛАНТИ, НЕ САКАМ НИ ДА СПОМЕНУВАМ. Оти тоа со години е правено и ,,покривано,, со најдолгите кебиња. ЗА СТРАМОТА И ЗА ГРЕВОТА СТЕ БРЕ ,,ХУМАНИ АРАМИШТА,,АКО СЕТО ОВА Е ВИСТИНА И ГО ПОТВРДАТ ИСТРАЖНИТЕ ОРГАНИ! – пишува Момироски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.