Американскиот претседател во заминување Барак Обама, денес изјави дека лично се соочил со рускиот лидер Владимир Путин и разговарале за наводните руски хакерски напади и му рекол “да прекине”.
Само пет недели пред да ја напушти Белата Куќа, претседателот во заминување вети дека ќе и врати на Москва за сајбер нападите, за кои американските разузнавачки служби наведуваат дека се смислени да му помогнат на Доналд Трамп да ја порази Хилари Клинтон која го критикуваше Путин.
“Кога некоја влада се обидува да влијае на интегритетот на нашите избори, мораме да превземеме акција. Нема никаков сомнеж во тоа. И тоа ќе го наравиме на начин и време кои ние ќе ги одбереме”, порача Обама.