Нecтopoвcки откpи зошто пцyeше пocле пocтигнатиот погодок

Напаѓачот на Удинезе, Илија Несторовски го постигна својот јубилеен 10-ти гол во репрезентацијата во синиќешната победа против Лихтенштајн и тоа со капитенската лента на себе, но наместо да се израдува тој ја разочара македонската јавност откако опцу на камерата.

Не се знаеше во прв момент кон кого беа навредливите зборови, но познато е дека тој беше на удар на јавноста и социјалните мрежи после слабата игра во последните неколку натпревари, особено на последниот натпревар против Романија во Букурешт.

Откако потегот предизвика многу негативни коментари кон фудбалерот, тој се обрати и објасни кого навредувал.

„Навредата беше наменета за 3 личности кои 3 дена ми се закануваат и ме навредуваат мене и мојата фамилија. Тие добро знаат кои се“, објави Несторовски на својот Инстаграм профил.

Селекторот Игор Ангеловски не го коментираше ваквиот потег на Несторовски, објаснувајќи на прес-конференцијата после натпреварот дека не видел што направил напаѓачот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.