Носител на советничка листа се појави на концерт во Прилеп со гас-маска, за да предупреди за загадувањето што доаѓа од кај касарните (ФОТО)

Носителот на независна советничката листа, која е поддржана од политичката партија “Македонска Трета Ера” за престојните локални избори во Прилеп, Никола Трајкоски, вечерва на концертот во центарот на градот се појави со гас-маска.

Причината за ваквиот потег е да се алармираат граѓаните за загаденоста на воздухот, по пожарот кој попладнево изби во Дабничкиот регион.

Имено, попладнево над Прилеп се издигна густ чад од кај Дабница, откако засега непознати лица запалиле кабли. Пожарот за кратко време се прошири на поголема површина, а пожарникарите се’ уште се борат со огнените јазици.

Прилепчани се жалат на загадениот воздух и велат дека вечерва во Прилеп не се дише.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.