Нов скандал со авиолиниите во Македонија?! ВИЗЗ ЕР повторно извиси?

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески објави во средата дека повторно е поништен јавниот повик за финансиска поддршка на авиокомпании што беше објавен на 13-ти септември годинава.

На денешната прес-конференција во Владата, Сугарески информираше дека до крајниот рок е доставена само понуда од компанијата „Визер“, но таа не одговара со условите и критериуимите во тендерот.

Еден месец по поништување на претходниот тендер, министерството за транспорт и врски објави нов јавен повик за доставување на барања за субвенционирање на нискобуџетни авиокомпании. Тој се однесув на периодот 2019-2021 за воспоставување и одржување на нови конекции од Меѓународниот аеродром во Скопје и од охридскиот „Свети апостол Павле“.

Критериумите за пријавување се транспорт на минимум 10 милиони превезени патници во 2017 година и профит од 25 милиони евра. Субјектот што ќе биде избран на јавниот повик ќе има база од најмалку еден авион во Скопје или во Охрид почнувајќи од 10 јануари догодина до крај на програмата. Услов плус се две нови линии од главниот град и четири од охридскиот аеродром.

Последниот јавен повик траеше до 12-ти октомври и со него се предвидуваше еднократна исплата на 40.000 евра за секоја нова линија од Скопје и субвенции од девет евра по патник во првата година од договорот, осум евра во втората година и седум евра во последната година. Бројките за Охрид се 13 евра по патник за секоја нова линија во 2019 година, 12 евра по патник во 2020 година и 11 евра во третата година.

Извор: netpress.com.mk




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.