Дијамантот “Oppenheimer Blue” е продаден за 31,5 милиони долари, што претставува нов светски рекорд за дијамант продаден на аукција.
14-каратниот камен, опишан како најголемиот син дијамант кој некогаш бил ставен на аукција, на предпродажбата бил проценет помеѓу 38 и 45 милиони швајцарски франци. За него се бореле двајца по телефонската линија, пред 150 конкуренти присутни на аукцијата во еден луксузен хотел во Женева.
Дијамантот е во правоаголен облик и се наоѓа на прстен, окружен со два помали дијаманти во трапезоиден облик. Името го добил по покојниот Filip Openhajmeru (1916-1995.), долгогодишен раководител на фирмата De Beerse која поседува рудници за дијаманти.
“Бојата и сјајот во комбинација со својот традиционален стил на резбарење, му дава на овој син дијамант навистина неверојатен изглед”, рекол Tom Mosis, потпретседател на гемолошкиот институт во САД.
А.Г.