Победа деновиве е главна тема низ прилепската чаршија, но за жал само по лошите резултати.
Победашите вчера нанижаа уште еден пораз, четврт по ред, или осми во последните девет прволигашки натпревари.
Црвено-белите беа поразени со 1:0 на гостувањето во Кратово кај Силекс. Погодокот од пенал на Алексоски во 63-та минута беше доволен за кратовчани да забележат триумф и да се оддалечат од опасниот дел на табелата.
Со овој нов неуспех Победа се наоѓа на самото дно од табелата, со еден бод заостаток зад Беласица која ремизираше со Вардар, а Македонија Ѓорче Петров сега се наоѓа на 5 бода плус на 8-то место на табелата.
Од Победа после натпреварот реагираа дека пеналот за Силекс е поклон од судијата Влахо.
“Истиот тој Влахо и неговиот прв помошник Димитриевиќ, неполни 30-тина секунди претходно не сакаа да видат очигледен офсајд на Георгиев, а потоа и прекршок од негова страна врз голманот на Победа Котевски (голманот е непеприкосновен во казнениот простор)…судиска лакрдија по која Победа е драстично оштетена.Се покажаа како оправдани сомневањата и индициите дека сево ова ќе се случи-од страна на главниот судија кој денес судеше 80-20, и додели дури 8 жолти картони на фудбалерите на Победа. По мечот и контролорот Шуклев, во присуство на сведоци, откако ја погледна спорната ситуација искоментира дека Влахо судел 50-50 само во првите 13 минути, а не само што немало пенал туку требало да досуди прекршок во напад на Драшковиќ”, велат од Победа.
Видео од спорните моменти погледнете ТУКА
Прволигашката табела после 22-то коло изгледа вака:
Деновиве пак на социјалните мрежи, прилепчани постојано ги споделуваат ветувањата на актуелниот градоначалник Илија Јованоски, кои во пресрет на локалните избори во 2017 година ги ветуваше за спортот во Прилеп.