Нов оглас на МВР за вработување на 600 полицајци

Министерството за внатрешни работи распишува оглас за вработување на 600 нови полицајци, дознава. Огласот, е објавен во утрешните изданија на дел од дневните весници.

policija-8

Како што може да се прочита од огласот, станува збор за прием на „600 извршители на работното место полицаец“, за работа во Министерството за внатрешни работи.

Најголем дел од кандидатите, односно 100 од нив, кои ќе ги поминат обуките и ќе бидат примени, според огласот, ќе бидат распоредени во организациските единици со седиште во Скопје, потоа 165 во Регионалните центри за гранични работи Север – Скопје, Југ и Запад, 50 полицајци ќе бидат вработени во Секторите за внатрешни работи во Охрид и Струмица, додека останатите ќе бидат распоредени во безмалку сите полициски станици во Скопје.

Во огласот се наведени условите за пријавување на конкурсот, како и методологијата за селекција на кандидатите.

mvr2

По селекцијата, избраните кандидати за полицајци ќе склучат договор за основна обука, која ќе трае една година, а на неа ќе бидат упатени „за 10 отсто поголем број на кандидати за полицаец од бројот на слободни места за кои е распишан огласот“.

И лани во јули МВР распиша конкурс за прием на 600 полицајци.

По стапувањето на функцијата техничкиот министер Олибрр Спасовски лицемерно пред мкадите полицајци говореше дека тие се иднината на македонската полиција за потоа да одбие да им ги потпише решенијата поради што тие мораа да штрајкуваат пред МВР.

Во мај годинава министерот Митко Чавков, веднаш по повторното преземање на функцијата ги потпиша договорите за вработување на 400 полициски службеници.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.