Нов ноќен клуб во Прилеп: Викендов со работа започнува “Собрание”, место кое ќе го раздвижи ноќниот живот во градот

Прилепчани од викендов добиваат нов ноќен клуб.

Во сабота, 07.08.2019, големо отварање на ноќниот клуб “Собрание” со одличниот прогресив-хаус диџеј во регионот Вандал Стив.

Ноќниот клуб “Собрание” ќе биде сместен во просторот на поранешна “Пирамида”, но во ново ребрендирано руво кое ќе гарантира екстра забава за сите.

Почетокот на забавата е триесет минути по полноќ!

“Собрание” треба да биде освежување во ноќниот живот во Прилеп каде веќе подолго време владее монотонија.

Забавата во сабота ќе биде само најава за се’ она што ќе следува во иднина!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.