Ново финале за Оливера Наковска- Бикова на Параолимпијадата во Рио

На Параолимписките игри во Рио де Женеиро, македонската натпреварувачка во стрелаштво Оливера Наковска- Бикова успеа да се пласира во финалето во дисциплината воздушен пиштол 50 метри. Таа со 528 кругови го зазеде осмото место во квалификациите и благодарение на двете последни серии успеа да се избори за ново финале.

bikova

Наковска- Бикова претходно го освои седмото место во Рио во дисциплината 10 метри воздушен пиштол, а има освоено златен медал пред четири години во Лондон.

Во оваа дисциплина заедно се натпреваруваат мажи и жени, а Ванчо Каранфилов со 500 кругови го освои 30.то место во конкуренција на 34 натпреварувачи.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.