Прилепското мермерно езеро деновиве е атракција за стотици посетители. Ова е само уште едно чудо на природата и богатство кое треба да се негува. Езерцето за кратко време го дознаа сите, па стана убаво разладување за сите посетители. Тиркизната вода и специфичната локација го прават уште попримамливо.
Деновиве не престануваат да се појавуваат нови и нови фотографии и видеа од така нареченото “Прилепско Памук кале”.
Прилепчанецот Филип Перески изработил уште едно такво уникатно видео, преку кое се доловува магичната и уникатна глетка од ова природно богатство.
Уживајте:
А.Г.