Ново меѓународно искуство на прилепските гимназијалци

1

Веќе втора година со ред терминот од 01.09 до 09.09 е резервиран за гимназијалци кои учествуваат на меѓународна младинска размена во Полска.

И оваа година продолжи одличната соработката помеѓу невладината организација „Жетва на знаење“ од Прилеп  и СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ па така гимназијалците: Филип Димовски, Матеја Илиеска, Косара Блажеска, Александра Илиеска, Огнен Цветаноски и Бранислав Попоски под раководство на професорот Мартин Наумоски беа во посета на Nowiny, Kielce во Полска.
Целта на посетата беше учество и претставување на Р.Македонија на семинарот „Express yourself“ семинар за толеранција, мотивација и тимска работа.

Нашите гимназијалци заедно со средношколци од Полска, Португалија и Романија девет дена разменуваа искуство, култура и знаења од различни области, а крајниот резултат беше годишен меѓународен календар на кој партиципираа сите учесници.
Erasmus + се појавува како покровител на оваа младинска размена, а со оглед на фактот што гимназијалците се покажаа во одлично светло им беа доделени сертификати.

1763

1766

Се надеваме дека во иднина соработката ќе продолжи на задоволство на сите и дека уште многу години ќе се гордееме на успесите на прилепските гимназијалци.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.