На 04.01.2024 на ул.„Прилепски бранители“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Е.Б.(35), О.М.(39) и Б.Е.(34), сите од Прилеп, затоа што при преглед кај нив, кај Б.Е. била пронајдена и одземена марихуана.
По документирање на настанот ќе следува соодветна пријава – информираат од ОВР Прилеп.