Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие на територијата на Република Македонија дијагностицирани се нови 18 случаи со коронавирус.
Со тоа бројката на заразени се искачи на 617, а оздравени се само 35 лица.
Во изминатите 24 часа има два нови смртни случаи, со што бројката на починати достигна 29 лица.
Во Прилеп се регистрирани нови 4 случаи со коронавирус, па сега вкупната бројка изнесува 38 лица.
Во изминатите 24 часа, освен во Прилеп нови случаи, позитивни на коронавирусот има и во: Скопје – 7, Куманово – 2, Битола – 2, Кавадарци -1 (дијагностициран откако починал), Крушево – 1 и Кочани -1.