Регулаторната комисија за енергетика денес ќе ги соопшти новите цени на горивата кои ќе стартуваат од полноќ.
Според последното решение минатата недела, цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 се намали за 1,50 денар, а на ЕУРОСУПЕР БС-95 за 1,00 денар.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство
(ЕЛ-1), останаа исти.