Нови турски нарушувања во Егејско Море

turski-avioni-640x294

Четиринаесет турски ловци навлегле без план за летање во грчкиот воздушен простор над Егејското Море, јави АНА-МПА.

Грчките власти регистрирале десет нарушувања на правилата за воздушно движење во реонот на зоната за летање над Атина и три нарушувања во националниот воздушен простор во североисточниот и југоисточниот дел на Егејското Море.

Турските авиони биле пресретнати од грчки ловци.

Осум од нив учествувале во воена вежба на турските военовоздухопловни и военопоморски сили, што се одржува во југоисточниот дел на Турција крај грчкиот остров Родос.

Тоа се уште едни во низата турски нарушувања на грчкиот воздушен простор, откако претходно оваа седмица исто така беа регистрирани такви нарушувања на турската воена авијација.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.