Нови решенија за легализација врачени во општина Прилеп

IMG_5096

Градоначалникот Марјан Ристески, денеска додели нови решенија за легализација, заклучно со кои досега се легализирани околу 8.500 дивоградби, од вкупно поднесените 15.367 барања за добивање на правен статус на објектот. Градоначалникот Ристески, присутните уште еднаш ги потсети на големиот бенефит што граѓаните го добиија со Законот за легализација.

Како мало потсетување, во општина Прилеп во првиот рок беа поднесени вкупно 15.367 барања за легализација на бесправно изградени објекти, позитивно решени се 7.649. Во продолжениот рок, поднесени беа  повеќе од 2.000 барања.
Рокот за поднесување  на новоподнесените геодетски елаборати е до 31 декември 2017 година.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.