Проверка на знаењето на германски јазик и воведување на старосна граница за рабтниците од Западен Балкан. Германските медиуми пренесуваат дека овој Закон за емиграција ќе започне да се примениува од 1 март 2020 година, пишува српски Курир.
Како што пишува порталот, знаењето на германскиот јазик на луѓето од Западен Балкан кои одат да работат во Германија, ќе мора да биде на високо ниво, што не беше случај претходно.
Исто така, ќе постои старосна граница која претходно ја немаше. Меѓутоа, сеуште не е прецизирана старосната граница која ќе биде определена за работниците од Западен Балкан.