Се слушна името на нашето Економското училиште во Скопје. Оваа година на 21 и 22 Април, „МАССУМ“ – образовното рандеву се организираше во Скопје. Традиција стана економистите од СОЕПТУ „Кузман Јосифоски – Питу“ – Прилеп секоја година од овој натпревар да се враќаат со полни раце награди; фер, квалитетно и со правилно вложен труд добиени. И оваа година учениците тргнаа добро подготвени на овој натпревар, што е и видливо од постигнатите резултати и учествуваа во многу категории. Овој пат се вратија со 6 освоени места – со 6 медали во рацете и тоа: едно -прво место, три- втори места и две -трети места.
Прво место беше освоено во категоријата: Маркетинг план.
Вторите места беа освоени во категориите: Кариерно портфолио, Интервју за работа на македонски јазик и Најдобар штанд.
Третите места се освоени во категориите: Модна ревија и Драмска претстава
Честитки до менторите и учениците за освоените места и им посакуваме на новите генерации на Економското училиште ова да им биде мотив и понатаму да освојуваат награди на вакви и слични натпревари. Се надеваме дека во блиска иднина и ние прилепчани ќе бидеме домаќини на овој натпревар.
Новинарска секција при СОЕПТУ “Кузман Јосифоски-Питу” – Прилеп