Нови огласи за вработување во јавната администрација – плата од 16.000 до 37.600

Трендот на партиски вработувања продолжува во Македонија. Имено, во моментот се активни неколку огласи и тоа во Министерство за финансии, Државниот завод за ревизија, Национална установа филмски центар Вардар Скопје, Национална установа Театар за млади и деца Скопје, како и вработување во националната радиодифузија, пишува Курир.

Според огласите, се бараат лица на различни позиции од раководители не сектор, раководители на одделенија, виши стручни соработници, архивари, помошници на директорот, соработници, референти, самостојни референти па се до вработување на одговорно лице за возен парк, платата е во зависност од позицијата од 16.000 до 37.631 денари.

Сето ова би било во ред, но ако се земе во предвид дека во моментот државата се соочува со економска и здравствена криза, тогаш се поочигледно е дека власта продолжува со бранот на партиски вдомување на лица блиски до неа.

Се чини дека наградувањето на партиски активисти никако не може да запре и покрај најавите во едно телевизиско гостување на премиерот Зоран Заев дека администрација ќе се намалува, а со тоа ќе се скратат непродуктивните трошоци, пишува порталот.

Рековме 20 проценти намалување на администрацијата, тоа значи сигнал за кратење на непродуктивни трошоци за да ја помагаме економијата преку капитални инвестиции. Реформите мораат да се случат во државата. Јас кажав во една изјава сите сакаме швајцарски плати ама никако не ни се работи со продуктивност како што е просекот во западна Европа. Тоа мораме да го промениме сите, изјави Заев во емисијата Економски магазин на ТВ Алсат М.

Извор: kurir.mk




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.