Нови детали: Унгарските власти со поинакви информации за движењето на Груевски до Будимпешта

Канцеларијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан негира дека на било кој начин му помогнала на бившиот македонски премиер Никола Груевски да ја напушти Македонија.

Регионалните медиуми претходно пренесоа дека Груевски ја напуштил Македонија со помош на унгарски дипломати.

Како што пренесува МТИ, од кабинетот на Орбан повториле дека бившиот македонски премиер искажал намера да аплицира за азил во една унгарска дипломатска мисија, дека властите одлучиле, од безбедносни причини, тоа да го направи во Будимпешта, каде би требало и да е интервјуиран.

Се истакнува дека релевантните процедури е бидат спроведени во склад со унгарските и меѓународните закони.

Груевски претстојува во Унгарија легално, во склад со процедурите за азил, пишува во соопштението и се додава дека властите нема да изнесуваат повеќе информации додека таа процедура не биде завршена.

Извор: “Инфомакс”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.