Најновиот кружен тек во центарот на Прилеп го добива својот конечен изглед. По уредувањето и обележувањето на коловозните ленти, изминатиот викенд беше поставена и мермерна статуа, а денеска истата е осветлена со рефлектори.
Иако многумина мислеа дека ова ќе биде привремено решение за изгледот на овој кружен тек, се чини дека надлежните немаат намера да трошат повеќе средства и енергијата ќе ја насочат на нови проекти.
Инаку, кружниот тек на раскрсницата кај Центарот за култура “Марко Цепенков” е само еден од неколкуте планирани во програмата на градоначалникот Борче Јовчески. Со финансиска поддршка од Владата се планира во наредниот период да се изгради и долгоочекуваниот кружен на мостот “Табана”.