Новиот „АјФон“ ќе чини помалку од 500 долари

„Епл“ планира идната година да лансира нов четириинчен телефон „АјФон“.

mobilen

Веќе слушнавме многу за „малиот АјФон‟, а сега аналитичарите од „КГИ Секјуритис“ даваат повеќе информации за неговите спецификации.

Наводно новиот 4-инчен телефон „АјФон“ ќе влезе во масовно производство во првиот квартал идната година, па така може да биде објавен пред моделите „АјФон 7“ и „АјФон 7+“, кои најверојатно ќе стигнат во септември идната година.

Аналитичарите исто така предвидуваат дека „Епл“ ќе го продава четириинчниот „АјФон“ по цена од 400 до 500 долари, а се претпоставува дека цената од 400 долари ќе биде за моделот со 16 гигабајти.

Претстојниот компактен „АјФон“ ќе биде направен од метал, ќе има А9 чип сет како и NFC за да го поддржи системот за плаќање „Епл Пеј“.

Што се однесува до камерата, се очекува сензор од 8 мегапиксели од задната страна.

Се очекува „Епл“ да испорача 20 милиони четириинчни телефони АјФон до крајот на идната година.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.