На социјалните мрежи се прошири видео од прашање кое го постави новинар од Прилеп до Министерот за здравство
“Бројот на новозаболени во општина Прилеп континуирано се намалува, а се зголемува бројот на оздравени. Дали тоа се должи на добрата организација во спроведувањето на последните мерки, што општина Прилеп на чело со градоначалникот и општинскиот кризен штаб ги презедоа и сето тоа во соработка со Министерството за здравство?” – праша новинарот од Прилеп.
Прашањето е поставено на прес конференција од министерот Венко Филипче во пресрет на празникот 1-ви Мај.
Прашање или констатација? Медиумите во Македонија денеска#СветскиДенНаСлободаНаМедиумите pic.twitter.com/8GoZYRWm0Y
— BigCojones6969 (@BigCojones6969) May 3, 2020
Целта на објавата не е да се нагрди угледот на новинарот, ниту угледот на медиумот за кој работи, туку да се прикажи реалната состојба со виpycoт во Прилеп.
Градот е на трето место по бројот на зapaзени лица со kopoнавиpyc во Македонија. Бројката до денеска изнесува 158 лица, а досега починaa десетина лица.
За пофалба најмногу се здравствените работници во Инфективното одделение на општата болница “Борка Талески” кои секојдневно без одмор се борат за здравјето и животот на сите заболени лица.