НОВИНАРКАТА НА “АЛ ЏЕЗИРА” ГО ЗАКОПА ПЕНДАРОВСКИ: Референдумот не го доби потребниот цензус за промена на името, за какви уставни измени и компоненти зборувате?

Референдумот пропаднал во една компонента, призна во интервју за англискиот сервис на Ал Џезаира, националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски уривајќи ја позицијата на СДСМ за успешен референдум – објави “Инфомакс”.

Откако неговата изјава за успешен референдум беше прекината од новинарката која не сакаше да ја прифати неговата аргументација за 92 % гласови ЗА и со тоа успешен референдум, Пендаровски призна дека правно референдумот пропаднал, но дека постојат правни интерпретации на неговата партија што велат поинаку.

Подоцна Пендаровски зборува и за политичкиот контекс на референдумот и неговата политичка успешност и легимитет за власта но не негираше дека де факто тој е пропаднат.

Делот од разговорот со Пендаровски каде што тој признава дека од правен аспект референдумот е ништовен:

Извор: “Инфомакс”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.