Регулаторната комисија за енергетика пред две недели ја донесе одлуката за новите цени на нафтените деривати.
Според одлуката, малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемија за 2,00 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 14.11.2016 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 62,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 64,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 37,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголеми за 1,50 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 14.11.2016 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 48,50 ден/лит.
Наредната корекција е закажана за за денеска. Останува да видиме дали ќе возиме поевтин или поскап бензин.