НОВА УЖАСНА ДРОГА НА ПАЗАРОТ: Ако ви ја подметнат – готови сте!

Гамахидроксибутират – или ГХБ (GHB) е попозната како течна екстаза или дрога за силување, неодамна била откриена кај четворица белграѓани. Полицијата мината седмица во Белград запленила дури 4,5 литри од оваа дрога. Медиумите пишуваат дека оваа дрога наводно ја користела геј-бандата која го силувала синот на еден српски политичар.

Дрогата не е често во продажба и не може да се најде на секој чекор, нема лабораторија за нејзино производство, но станува збор за многу опасна друга која во одредена доза може и да убие.

438597-nova-uzhasna-droga-na-pazarot-ako-vi-ja-podmetnat-gotovi-ste

– Таканаречената течна екстаза предизвикува длабока успиеност и поради тоа ја нарекуваат дрога за силување. Жртвата е целосно зашеметена, а со вистинска доза ќе спие околу пет часа и нема да можете да ја разбудите на подолго од неколку секунди, по што повторно ќе заспие – објаснува лекар кој додава дека состојбата е слична на кома.

– Како и кај сите лекови кои делуваат седативно, доволно голема доза може да доведе до кома, но и до смрт – додава тој.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.