Со започнување на градежните активности на улицата „11 Октомври“ која треба да прерасне во булевар со четири коловозни ленти, зелен појас на средина, беше означен почетокот на настаните во пресрет на празникот. Булеварот кој ќе прерасне во убава и современа авенија ќе биде во должина од 200 метри и инвестиција од седум милиони денари.