Нова промена на Фејсбук

sadkjjijiodf

Фејсбук најави големи промени на својата видео платформа, вклучувајќи и опцијата која автоматски ги пушта видеата со звук.

Тоа значи дека доколку корисникот не го исклучил звукот на телефонот или оваа опција директно во подесувањања, секое видео во фидот за новости автоматски ќе се пушта заедно со звук.

До сега сите видеа на Фејсбук се пуштаа сами, но звукот беше исклучен.

Фејсбук оваа опција ја тестираше во август минатата година, но од компанијата наведуваат дека звукот од видеата на Фејсбук нема да се меша со звукот кој доаѓа од други апликации.

– Ќе го почитуваме подесувањето на звукот кое корисникот го има на својот телефон – изјавиле од Фејсбук.

Фејсбук се надева дека со оваа одлука ќе допринесат неговите корисници повеќе внимание да посветат на видеата на оваа социјална мрежа.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.