Времето во земјава ќе биде променливо облачно. По одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност, а во јужните подрачја повремен локален дожд, кој во текот на ноќта ќе се прошири и во западните делови.
Утринската температура ќе се движи од еден до 12 степени, а дневната температура од девет до 14 степени.
Во понеделник, под влијание на циклонска активност времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во јужните делови (локално над 25 л/м2). Потоа во наредните два дена ќе биде стабилно со благ пораст на дневната тампература.