Нова победа за пингпонгарите од Младост 96

20160403_143402

Вчера во Прилеп се одигра десеттото коло од Првата пингпонгарска лига на Македонија, помеѓу екипите на Младост96 и Студент од Скопје. Домаќините победија со резултат 5-3 и не оставија ни малку можност за гостите да се надеваат, дека во Прилеп можат да се вратат непоразени. Иако ППК Младост 96 настапи ослабен на овој натпревар без Александар Рикалоски, сепак неговото отсуство не претставуваше проблем за искусните прилепски пингпонгари. По две победи извојуваа Златко Рикалоски и Антонио Стомнароски, а една победа имаше Методија Иваноски. Со оваа победа ППК Младост96 останува на второто место на табелата кое води во баражот за Супер лига, а до крајот остануваат уште четири кола. Наредното коло повторно во Прилеп се игра натпреварот од единаесеттото коло со екипата на Дебар Мало од Скопје и повторно се очекуваат нови два бода за екипата на Младост96.

Да напомениме и тоа дека после пауза од пет години пингпонгарите се вратија во реновираната пингпонгарска сала на ДТЦ Партизан, каде ги постигнуваа своите најдобри успеси и резултати. Со тоа се отвара и можноста за брзо време да профункционира и пионерската школа на ППК МЛадост96.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.