Нова пешачка патека во урбаната заедница „Бончејца“

Во Прилеп интензивно се работи на поставувањето нови тротоари и обележувањето на пешачки патеки. Новата бекатон пешачка патека е во должина од 350 м2 за која се потрошени 350 илјади денари од ЕЛС Прилеп.

_MG_0656

Според градоначалникот Марјан Ристески, по барање на жителите од УЗ „Бончејца“ е направена пешачаката патека, а најголемата активност во пролетниот период ќе биде опфатен со комуналната програма делот за озеленување на површините, изградба на нови пешачки патеки, уредување на детските игралишта токму во УЗ „Бончејца“, посочи градоначалникот Ристески во својата изјава.

_MG_0672

Со поставувањето на бекатон плочки и изградба на нови пешачки патеки во повеќе делови од градот, се очекува значително да се олесни движењето на пешаците.

_MG_0661

„Со овој инфраструктурен зафат започнавме и ќе продолжиме и понатаму. Во текот на оваа година е предвидена изградба на нови пешачки патеки на повеќе улици низ градот“, посочи Илија Карески, раководител на секторот за урбанизам во општина Прилеп.

_MG_0660

Пешачката патека која се наоѓа во оваа урбана заедница покрај железничката пруга набрзо ќе биде и осветлена, а претставува главна врска со градот.

_MG_0717




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.