Нема промена на цените на горивата за оваа недела, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Тоа значи дека ценовниците остануваат како и минатата недела, па така бензинот Супер од 98 октани ќе се точи за 71,50 денари литар, безинот Супер од 95 октани ќе се точи за 69,50 денари литар.
Еуро дизелот и оваа недела ќе се точи по цена од 61,50 денари за литар.