Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ја оствари втората победа во квалификациите на Грен слемот Австралија Опен.
Лина само штотуку го заврши натпреварот во вторто коло и ја победи Далма Галфи од Унгарија со 2-0 во сетови за помалку од еден час.
На трибините присутни беа поголем број на Македонци кои за време на целиот натпревар и даваа поддршка на нашата тенисерка.