Нова законска измена и нови главоболки за пушачите: Цигарите повторно ќе поскапат

Во 2024 година, од два до четири денари, ќе поскапат цигарите и разни други тутунски производи. Тоа се должи измените на Законот за акцизите кои се доставени во Собранието. Со измените се предвидува усогласување на акцизната стапка кај цигарите со минималната акцизна стапка во ЕУ, како и изедначување на учеството на вкупната акциза на цигарите во пондерираната просечна малопродажна цена со онаа пропишана во Директивата на ЕУ.

Дополнително, во Предлог-законот се предвидува доуредување на членовите од Законот за акцизите во делот на денатурираниот алкохол. Оваа измена произлегува од Директива од 29 јули 2020 година за усогласување на структурите на акцизите за алкохол и алкохолни пијалаци – пишува во образложението на законот изготвено од ресорното министерство.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.