Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена Ѓоковиќ се позитивни на кopoнавиpyc, пишува српски Курир.
За жал, резултатите покажаа дека српскиот тенисер и неговата сопруга се зapaзени со кopoнавиpyc. Новак и Јелена се чувствуваат добро, немаат симптоми и ги очекува самоизолација од 14 дена.
Откако беше откриено дека неколку учесници на Адриа-турнирот се зapaзени, Ѓоковиќ одлучи и самиот да направи тест.
“Веднаш по доаѓањето во Белград заминавме на тестирање. Мојот и резултатот од Јелена се позитивни. На децата се негативни”, потврди Новак.