Ни требаат повеќе вакви луѓе: Охриѓанец пронашол поголема сума пари на банкомат, го бара сопственикот

Универзитетскиот професор Анис Сефиданис на својот Фејсбук профил напиша дека пронашол голема сума на пари на банкомат во Охрид, па сега бара помош од корисниците на социјалните мрежи во пронаоѓањето на сопственикот на парите.

„На банкомат од Шпаркасе Банка на ул. Димитар Влахов во Охрид наспроти “Отто Суши Бар”, пронајдов поголема сума на пари, повлечени вечерва на 10/08/21 во 22:22 часот. Го имам и изводот со податоците од картичката (67370***) како и целосната сума, која за среќа е исто тука. Споделете за да ги вратиме таму каде што вистински припаѓаат“, пишува во објавата.

Ако некој се прави паметен, па требало да ги предаде парите во банката, а не да објавува на ФБ за лајкови… човекот го направил прво тоа, но банката не ги примала парите бидејќи се работело за странски државјанин.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.