За новиот “гаф” на владинот протокол се пишува во сите балкански медиуми. Веста дека австрискиот премиер Себастијан Курц беше пречекан со знаме од Латвија ја пренесоа и некои европски медиуми.
„Пропустот е направен од страна на службите за протокол на Владата на Република Македонија и на Министерството за надворешни работи, а до него дошло поради големата сличност во димензиите и колоритот на знамињата на Австрија и Латвија“, пишува во соопштението од владината прес-служба.