Голем астероид вечерва многу ќе и се приближи на Земјата.
За среќа нема да удри во нас, а научниците се прилично сигурни во ова. Ова е откриено со помош на новата алатка на НАСА со која се откриваат потенцијално опасните астероиди.
Алатката е компјутерската програма “Скаут”, а тестирана е во лабораторијата на НАСА во Калифорнија.
НАСА има неколку телескопи кои го скнираат небото барајќи објекти. Со помош на новата програма може да се процени, кои од тие објекти се опасни.
Ф.Г.