Македонските власти побараа помош од соседните земји за справување со пожарите кои беснеат во земјава, и ја добија. Српскиот министер за внатрешни работи Александар Вулин вчера лично дојде со четирите хеликоптери кои Србија ги дава за помош на Македонија, но очигледно поради некоординираност, македонските власти не знаат помошта да ја употребат и искористат.
Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Англелов, кој во изминативе два дена е под голема критика на јавноста поради лошото менаџирање на состојбата, признава дека не успеале навреме да се координираат за да полетаат српските хеликоптери.
-Во текот на вечерта доколку успееме ќе бидат ангажирани хеликоптери на српскот воздухопловство, но веќе снемува време. Проблемот настана кога нашите хеликоптери беа на терен. За да можат српските хеликоптери да летаат треба да има придружба од нашите хеликоптери бидејќи не го познаваат теренот, изјави вчера Ангелов.
Стојанче Ангелов : НЕ УСПЕАВМЕ да се искоординираме навреме да полетаат српските хеликоптери.#неспособни#оставка pic.twitter.com/jEraqG8kLi
— Џон Крокодилов (@johnkrokodil) August 4, 2021