Пред македонските граѓани е неработен ден по повод првиот ден на Рамазан Бајрам. Бидејќи најголемиот муслимански празник е прогласен за државен, неработен ден е за сите граѓани. Годинава тој паѓа во среда, 10 април.
За граѓаните припадници на ромската заедница, пак, неработен е и овој понеделник, 8 април, кога се одбележува Меѓународниот ден на Ромите.
Следниот неработен ден за сите е Празникот на трудот, 1 Мај, кој годинава се паѓа во среда. За православните верници неработен е и 3 мај, кога годинава се паѓа Велипеток, а сите ќе одмараме на Втор ден Велигден, понеделник 6 мај.