Ни громови не ја спречија огромната масовност и осуда од прилепчани-ПРОТИВ ЗНАМЕТО ОД ТАЛАТ

20170504_194711

Градот херој е секогаш на нозе кога тоа и е потребно на татковината. Никој не може да ја изгасни идејата на прилепчани за заедничка и унитарна Македонија.

Лошото време не ги спречи граѓаните повторно масовно да излезат и да го изразат револтот против погазувањето на Уставот и непочитувањето на народната воља.

20170504_193222

Прилепчани повторно побараа попис, но и избори за ново изјаснување на народот за и против платформата од Тирана, која во себе носи редефинирање на државата, промена на националните симболи и воведување на двојазичност на целата територија на Република Македонија.

20170504_193429

Македонскиот народ е мирољубив но никогаш не отстапува од она што е негово, од земјата за која илјадници борци ги положиле животите.

20170504_193008

“Оние кои ги прекршуваат Уставот и законите мора да сносат одговорност. Поставувањето на знамиња од други држави во канцеларијата на Талат Џафери не смее да помине незаприметено” порачаа граѓаните на вечерашниот протестен марш.

Вечерва пред граѓаните се обрати и Марија Дулеска, директор во ООУ”Блаже Конески”.

Маршот “За заедничка Македонија” во Прилеп продолжува и утре, со почеток од 19 часот пред споменикот на “Прилепските бранители”.

 

 

 

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.