Ништо од денешната средба со Хоџа: Тутунарите утре излегуваат на блокади

Министерот за земјоделство Аријанит Хоџа, попладнево повторно дојде во Прилеп, во надеж да изнајде договор со производителите на тутун.

Откако откупувачите не го испочитуваа вербалниот договор од петокот во Скопје, тутунарите за утре најавија нов протест кај областа Заполшки мост, од 10 до 12 часот.

Од Иницијативниот одбор на тутунарите побараа писмени гаранции од министерството и откупувачите, но со оглед дека такво нешто нема, до петок ќе има протести, а ќе продолжи и откупот.

Од Сојузот на земјоделци рекоа дека доколку до петок не се покачат цените од понеделник ќе ги повикаат тутунарите и поверениците да ги блокираат откупните пунктови.

На Фејсбук групата Македонски тутунари се повикува на масовно присуство на протестот утре, со цел да исполни целта, а тоа е реално вреднување на земјоделскиот труд.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.