Земјоделците и лозарите кои ланскиот август за време на долготрајните пожари под и околу манастирот Трескавец претрпеа штети, ниту некој ги посетил, ниту ги обежтетил за големите загуби.
Опожарени викендици, лозја, бали со сени, објекти за стока и што ли уште не. Оштетените земјоделци денеска реагираа пред камерата на “TВ Канал Визија” и ги кажаа своите маки.
Ниту градоначалникот, не излегол во пресрет на нивните барања.